Top Sport

Шкендија подобра од Вардар во Тетово, на „црвено-црните“ не им признаа чист гол

Со петте денешни натпревари од 19 коло од Првата македонска фудбалска лига старуваше пролетната полусезона.

Дербито на колото беше во Тетово каде домашната Шкендија со 1-0 го совлада скопски Вардар, а стрелец на голот за три нови бода за тетовци е Имери.

Сепак натпреварот го одбележа 38. минута во која играчот на Вардар, Најдовски испрати „проектил“ од четириесетина метри, по што топката се одби од пречката позади гол линијата и се врати во поле. Судиите сметаа дека не станува збор за погодок и дозволија играта да продолжи.

Вардар до крајот на мечот не успеа да го израмни резултатот, па сега Шкендија им бега на „црвено-црните“ дури 8 бода.
Во останатите натпревари од ова коло, Академија Пандев убедливо со 3-0 славеше против Македонија ЃП со головите на Дориев, Крстовски и Стојков.

Работнички во Скопје одигра само 1-1 со Ренова, иако до самиот финиш имаше предност. Стрелец на голот за домаќините беше Петар Петковски, а погодокот вреден еден бод за гостите е дело на Мишковски.

Силекс и Шкупи одиграа ефикасно реми 2-2, а гостите бодот од Кратово го освоија со гол во 99 минута од мечот. Стрелци за домашниот тим беа Георгиев и Рајковиќ уште во првиот дел, а гостите од скопски Чаир до поделба на бодовите стигнаа со автоголот на Коцев и погодокот на Велиу.

Уште еден реми дуел денеска, оној меѓу Победа и Беласица 1:1.
Ефремов во 19 минута за 1-0, а Горгиев 2 минути подоцна погодува за конечен резултат.

Scroll to Top