Корентин Толисо ги нападна француските навивачи кои го исвиркуваа Пол Погба за време на пријателскиот меч на Франција со Италија во Ница.
Франција стигна до 3:1 победа со головите на Самуел Умтити, Антоан Гризман и Усман Дембеле во петокот, но Погба, кој имаше незабележителен меч беше исвиркан од фановите на Ница.
„Ние сме Франција и без разлика дали играме во Ница, Лион или Сент-Етјен. Сите ја претставуваме Франција и фановите треба да дојдат да ја гледаат Франција. Кога ќе дојдат вакви свирежи, а ги чув и за Флорентин Тован. Ниту јас не би сакал да ме свиркаат како поранешен играч на Лион кога ќе играм во Сент-Етјен. Фановите мораат да го сфатат ова“, вели 23-годишниот ас на Баерн Минхен.