Грузиските фудбалери го продолжуваат натпреварувањето на Европското првенство.
Во последното коло од групната фаза ја совладаа Португалија со 2:0 и како третопласирани од групата Ф ќе играат во осминафиналето на ЕП 2024.
Тие извојуваа одлична победа против комбинираниот тим на Португалија благодарение на головите на Хвича Кваратскелија во втората минута и Јоргос Микаутадзе од пенал во 57. минута.
Португалија го загуби натпреварот, а поразот беше нешто што можеше да си го дозволи, бидејќи не влијаеше на нивниот конечен пласман во групата Ф.
Португалците во текот на натпреварот се бореа против Грузија, која беше храбра и паметна и ја заслужи среќата што им беше наклонета.
Грузијците својот величенствен дебитантски настап на ЕП го почнаа со пораз од Турција, а потоа одиграа нерешено со Чешка и кога беше најпотребно, против најдобриот ривал од групата, покажаа дека заслужиле да поминат .
Грузија во осминафиналето ќе игра против Шпанија, селекцијата која според многу експерти е најголемиот фаворит за освојување на овој турнир. Шпанија досега е непоразена во натпреварувањето и нема примено ниту еден гол, постигнувајќи пет.
Португалија како првопласирана од групата ќе игра против Словенија, третопласираната од групата Ц. Чешка го заврши своето учество на турнирот.
Кристијано Роналдо за прв пат во кариерата не успеа да постигне гол во групната фаза на еден голем турнир.