Top Sport

Милан сакаат Гатузо да потпише до 2020?

Според „Тутомеркато“, Милан се подготвени да му дадат продолжување на договорот на својот тренер, Џенаро Гатузо до јуни 2020.

По „спориот“ старт на клупата на „росонерите“, Гатузо доволно ги импресионираше своите газди, кои се подготвени да му дадат долгорочен договор. Гатузо беше повикан како „спасител“ на Милан од младинскиот клуб на „росонерите“, Примавера кога Винченцо Монтела беше отпуштен во ноември.

Во последните осум натпревари во Серија А и Копа Италија, Милан има пет победи и три ремија, а посебно импресивна беше гостинската 0:4 победа над СПАЛ во саботата.

За Гатузо ова е прва работа како тренер во Серија А, откако претходно накратко работеше во Серија Б со Палермо, во швајцарскиот Сион, во грчкиот ОФИ Крит и во Пиза.

Милан покажа „заби“, четири парчиња за СПАЛ (видео)

Scroll to Top