Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Арсенал на пенали со 3-2, откако мечот одигран во Лендовер во Мериленд заврши со резултат 2-2.
„Кралевите“ и „топџиите“ одиграа чуден натпревар, во кој два црвени картони беа покажани во првото полувреме. Пред време мечот го завршија Начо од Реал и Папастадопулос од Арсенал.
Поради исклучувањето на Начо во 16 минута заменет со Рафаел Варан беше Лука Јовиќ.
Начо во деветтата минута направи пенал доби црвен картон, а за Арсенал погоди Александар Лаказет. Предноста на Арсенал ја зголеми Обамејанг во 24 минута.
Потоа Папастадопулос направи голема глупост за две минути доби два жолти картони, па и тој мораше во соблекувалната.
Реал кога силите се израмнија стигна и до реми на теренот. Оспоруваниот Герет Бејл намали на 1-2 во 56 минута, а три минути подоцна израмни Марко Асенсио. Овој играч се повреди во 65 минута и се претпоставува дека му следува долга пауза.
Реал потоа ја доби пенал серијата. Џака, Монреал и Бартон промашија пенали кај Арсенал, а на спротивната страна непрецизен беше Бејл.