Мени Пакјао пак го предизвика Флојд Мејведер на реванш, откако Американецот го испровоцира Филипинецот да продолжи со борби и по 40-тата година.
Пакјао (40), го победи Кит Турман по судиска одлука изминатиот викенд, па му врати на Мејведер на социјалните мрежи: „Доаѓаш на моја борба и го користиш моето име во пост, но дали јас сум тој, кој сака да остане важен? Ако сакаш повторно да станеш важен … # MayPac2“ – напиша Пакјао на Твитер.
Мејведер во 2017. година се пензионираше со рекорд од 50-0, а претходно изјави дека „кариерата и наследството на Пакјао биле изградени од асоцијацијата со неговото име“.
„Време е да престанете да го користите моето име за „кликбејт“ и да оставите неговото да зборува само за себе. Кога излеговме на рингот, победив толку лесно, што сите мораа да се ги изедат своите зборови“ – напиша Мејведер на Инстаграм.
Мејведер, кој беше во Лас Вегас на мечот во кој Пакјао стана најстариот светски шампион во велтер категорија во историјата на боксот, не сакаше да коментира за можен реванш.
„Те победив физички и ментално. Запомни, ти се бориш затоа што треба, а јас се борам кога сакам“ – рече Американецот.