Португалскиот тренер, Жозе Мурињо вели дека е „полн со оган“ пред да му се врати на тренерскиот занает, но и понатаму планира да ја чека вистинската прилика.
Португалецот без ангажман е од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер Јунајтед. Моментно одмора во родниот град Сетубал каде за „Скај спорт“ ги раскажа своите планови.
„Ова е првпат по повеќе од 20 години да имам време за размислување, првпат сум во Сетубал на карјот на јули и почетокот на август. Имам време за размислување и анализи. Пријателите ми велат да уживам во слободното време, во работите за кои сум немал време. Не сум доволно среќен за да уживам. Ми недостига фудбалот, Имам оган, имам луѓе ки ме сакаат, навивачи низ светот кои ме инспирираат“ – вели Мурињо.
Тој вели дека неговиот следен потег ќе биде нов почеток, со кој ќе започне неговата иднина.
Имаше многу понуди по заминувањето од „Олд Трафорд“. Бенфика пројави интерес за негов ангажман, неименуван кинески клуб му нудеше рекорден тренерски договор, наводно 96 милиони евра, но Мурињо ги одби. Вели дека сака да работи во клуб во кој управните структури размислуваат исто како него.
„Најтешко од се ми е да речам не на можностите затоа што во себе имам потреба од работа. Одбивав понуди затоа што не беа на висината на мите предизвици. Сакам да изберам луѓе кои се „Мурињисти“, морам да бидам трпелив и да ја чекам вистинската прилика“ – смета Португалецот.
Трофејниот тренер вели дека во моментов се интересира само за работа во некој од клубовите во петте најсилни лиги во Европа (Италија, Германија, Шпанија, Англија и Франција).