Top Sport

Белград ќе добие музеј „Новак Ѓоковиќ“

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ најавил дека Новак Ѓоковиќ ќе добие музеј во Белград. Во изјава за државната телевизија, РТС, Срѓан Ѓоковиќ рекол дека музејот „Новак Ѓоковиќ“ ќе се наоѓа во центарот на српската престолнина.

„Следната година во центарот на градот ќе го отвориме музејот. Има голем интерес од домашните и странските туристи, особено од Кинезите. Новак е неверојатно популарен во Кина“, рекол Срѓан Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ на почетокот на јули го освои Вимблдон, потоа зеде три неделн одмор, а од вчера во Марбеља со Горан Иванишевиќ започнал со тренинзи.

Најдобриот во светот нема да игра на Роџерс купот во Монтреал. Пред последниот гренд-слем во сезоната Ју-Ес опен, тој од 11 август ќе настапи на мастерсот во Синсинати.

Scroll to Top