Top Sport

„Скај Спорт“: Несторовски може да изненади во Серија А

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски пак се враќа во најсилната италијанска лига, овојпат во дресот на Удинезе.

Прилепчанецот кој потпиша тригодишен договор со тимот од „Фриули“ постигна два гола на пријателски мечеви во подготвителниот период.

Угледниот „Скај Спорт“ го сместува Несторовски во група од 10 фудбалери кои можат да изненадат сезонава.

„Несторовски, после хаосот во Палермо повторно е во Серија А. Авантурата на Несторовски е 882 километри од југ на север и сигурно е дека Македонецот ќе сака повторно да се покаже пред голманите во Серија А. Минатиот пат добро му одеше, а изгледа веќе ги собра симпатиите и во новиот клуб, па екс-капитен на Палермо ќе го има стартниот дрес кај ‘бјанконерите’“ – образложува „Скај Спорт“.

Scroll to Top