Кошаркарскиот тим на Задар пред неколку дена официјално потврди дека го ангажирале искусниот НБА играч Тони Вротен, но како и претходно на клубот не им оди со Американците, откако тој стана кошаркар на полскиот Анвил од Влоцлавек.
Вротен инаку е поранешен кошаркар на Филаделфија сиксерс и во својата најдобра сезона имаше просек од 17 поени по натпревар. Ова е втор случај во кој Задар најавува големо американско засилување, но останува без него пред тој да одигра еден меч.
Минатата сезона тимот го договори трансферот на поранешниот НБА шампион Глен Дејвис, кој пристигна во Задар и се договори, но на крај се предомисли поради лажните ветувања и „лошата атмосфера“ во тимот.