Top Sport

Рашфорд: Го дадов животот за Манчестер јунајтед

Маркус Рашфорд го продолжи договорот со Манчестер јунајтед и сега е подготвен да ги врати „добрите времиња“ на „Олд Трафорд“ велејќи дека би го дал животот за својот клуб.

Рашфорд, кој кариерата ја почна во академијата на Јунајтед, сега има 21 година и влегува во четвртата сезона во првиот тим на Јунајтед, во која ќе мора да се адаптира и да биде лидер на напаѓачката линија по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер. Рашфорд секогаш велел дека сака да е централен напаѓач и сега верува дека почнува патот за враќање на врвот на „ѓаволите“.

„Мислам дека ова е многу возбудлив момент за сите нас. Сакав да ја тргнам темата за нов договор настрана и да покажам дека сум тука за клубот. Сакаме да го вратиме клубот каде што припаѓа, каде што сите го знаат. Го дадов животот за клубот и тоа е најважното. За мене, кога си во тим со многу млади фудбалери со кои ги делите амбициите, е вистински рецепт за успех. Можеби ќе биде потребно време, но ако останеме на планот и работиме како тим со добар менаџер можеме да оствариме многу“, вели Рашфорд.

Оле Гунар Солскјер во својот прв преоден рок се фокусираше на млади фудбалери од Британија, носејќи ги Даниел Џејмс и Арон Ван-Бисака покрај столбот во одбраната Хери Мегвајр.

Scroll to Top