Тренерот на Севилја, Едуардо Берисо ќе го продолжи своето опоравување од операцијата за ракот на простатата дома, откако лекарите оцениле дека процедурата поминала успешно.
Болеста на Берисо беше објавена по неверојатниот кам-бек на Севилја за 3:3 реми со Ливерпул минатиот месец, откако неговиот тим губеше со 0:3 на полувреме. Ернесто Маркучи е негов заменик, а Севилја не понудија временска рамка во која тој би се вратил во тимот.
„Едуардо Берисо е пуштен од болницата во саботата по четири дена опоравување по операцијата во вторникот. Берисо опоравувањето ќе го продолжи дома“, се вели во соопштението на Севилја.