Ливерпул денеска го игра мечот од второто коло во Премиерлигата. Европскиот шампион на стадионот „Сент Мери“ му гостува на Саутемптон, а на голот на „црвените“ можно е да се појави 35-годишниот голман, Енди Лонерган кој никогаш досега не бранел во најсилната англиска лига.
Доколку Лонерган застане меѓу стативите, тој со 35 години и 302 дена ќе стане најстариот Англичанец кој дебитирал во Премиерлигата.
Првиот голман на тимот, Алисон Бекер се повреди во првото коло против Норич на „Енфилд“, а вториот голман, Шпанецот Адријан го повреди неодговорен навивач при славјето за освоениот Суперкуп на УЕФА во Истанбул, во средата.
Лонерган целата кариера ја помина бранејќи во нисколигаши, најмногу во Чемпионшип, а Ливерпул го доведе во своите редови на американската турнеја, како трета опција на голот.
Лонерган професионалната кариера ја започна во 2000 година во Престон НортЕнди, каде се задржа цели 11 години. Има брането и за Лидс, Болтон, Фулам, Вулверхемптон и Мидлборо, но само додека овие тимови се натпреварувале во втората по ранг англиска лига.
Во кариерата има 362 натпревари од кои 337 во Чемпионшип.
35y 302d – Should he debut for Liverpool tomorrow, Andy Lonergan will be the oldest Englishman to make his Premier League debut in the 21st century, aged 35 years and 302 days. Evergreen. pic.twitter.com/lZRTnaR2BT
— OptaJoe (@OptaJoe) August 16, 2019