Top Sport

„Топчиите“ со втора победа во ПЛ, падна и дефанзивниот Барнли (видео)

Лондонски Арсенал е првата екипа во оваа сезона во Премиерлигата која стигна до втората победа, во второто коло. На „Емирати“ во Лондон предмалку „топчиите“ го совладаа со 2-1 тимот на Барнли му кој пружи силен отпор на фаворитот.

Иако резултатот не го покажува тоа, домашната екипа беше таа која доминираше на мечот, па трите нови бода се чини заслужено одат на нивното конто. Гостите во сите 90 минути беа фокусирани на одбраната, а од една единствена ветувачка акција успеаја да израмнат.

Најпрво Арсенал поведе со 1-0 со голот на Лаказет во 13 минута. Барнли до крајот на полувремето успеа со голот на Барнс да стигне до 1-1.

Во вториот дел гостинскиот голман одлично го чуваше својот гол, но беше немоќен во 64 минута кога Обамејанг со својот втор гол сезонава на прекрасен начин донесе водство кое се испостави дека е доволно за нови три бода.

Тренерот на Арсенал, Емери во стартниот состав ги стави Давид Луис, кој на последниот ден од преодниот рок дојде од Челси и Себаљос, големото засилување од Реал Мадрид.

Најскапото засилување сезонава на „топчиите“, Пепе мечот го проследи од клупата за резерви.

Scroll to Top