Top Sport

Шестнаесетгодишник го инспирираше Рен за славна победа над ПСЖ (видео)

Рен стигна до импресивна 2:1 победа над францускиот шампион Пари Сен-Жермен во второто коло од Лига 1, забележувајќи ја својата прва домашна победа над големиот фаворит по неверојатни осум години, благодарение на една од најдобрите асистенции во 2019, која беше дело на 16-годишниот Едуардо Камавинга.

А мечот започна толку добро за тимот на Томас Тухел. Единсон Кавани во 36. минута од мечот го искористи притисокот на неговиот тим и грешката на домашната одбрана за да ги доведе „светците“ во водство, но М’Баје Нианг во 44. минута израмни по нафрлањето на Анри Траоре.

Само што почна второто полувреме, во 48. минута од мечот, тинејџерот од Ангола, Камавинга имаше совршено нафрлање за Роман дел Кастилјо, кој ја смести топката во мрежата на Ареола. До крајот на мечот, ПСЖ доминираше во играта, но домаќините беа поблиску до гол, откако во 63. минута Бурижо ја погоди гредата.

Ако се сметаат и мечевите од минатата сезона, ова е петти гостински пораз во шест натпревари за богатиот тим од Париз.

Scroll to Top