Еден од најдобрите уругвајски фудбалери на сите времиња, Диего Форлан, пред неколку недели стави крај на професионалната кариера. Дел од кариерата тој мина во Манчестер Јунајтед (2002-2004), кога еден од соиграчите му бил и Кристијано Роналдо.
Португалецот е еден од најдобрите играчи на сите времиња, но многумина имаат проблем со неговото однесување, тврдат дека е арогантен и егоист. Форлан открива детали од соблекувалната на Јунајтед кога тој бил дел од клубот.
„Во соблекувалната беше егоцентрик, не беше како Дејвид Бекам. Секогаш сакаше да биде блиску до огледалото. Цел ден минуваше пред огледало“, рекол Форлан.
Cristiano Ronaldo Was An ‘Egoist’ – Diego Forlan Says Portugese Was Not Like David Beckhamhttps://t.co/0xycRJB9sM pic.twitter.com/PGzgXbhFDR
— Rabiu Tajudeen (@RabiuTajudeen3) August 18, 2019