Ред бул рејсинг му понудиле на Фернандо Алонсо да се врати во Ф1 на местото на Пјер Гасли пред Британското ГП во Силверстоун, но добиле „корпа“ од двократниот Ф1 шампион.
Алонсо си замина од Ф1 на крајот на минатата сезона по четири разочарувачки сезони со Мекларен, но ова лето повторно беше поврзуван со враќање во спортот веќе следната сезона. И претходно беше објавено дека Ред бул веќе се договориле со него, пред на крајот да се решат да го заменат Гасли со Александер Албон од Торо росо.
Според шпанскиот весник „Мундо депортиво“, тимот од Милтон Кејнс му понудил место на Алонсо договор до крајот на сезоната, но Алонсо решил да остане надвор од спортот и да се фокусира на трките на издржливост и на можност следната сезона да вози во Инди кар со главна цел триумф на Инди 500.
Ова не е првпат Алонсо да се поврзува со „бикот“, откако Адријан Њуи, главниот инженер на тимот откри дека во 2007 година тие биле „многу блиску“ до Шпанецот но „за жал тоа не се случи“.