Top Sport

ЛШ: Ајакс не направи предност на Кипар, Славија и Бриж со совршен старт (видео)

Во Лигата на шампионите остануваат уште шест „празни“ места, кои ќе бидат пополнети во следната недела дена, но минатогодишниот полуфиналист Ајакс уште не е сигурен, откако одигра само 0:0 на гостувањето на Кипар кај АПОЕЛ.

Иако ослабени по заминувањето на Френки де Јонг и Матијс де Лихт, „копјаниците“ беа големи фаворити во дуелот со кипарскиот шампион, иако ќе мора да го докажат тоа во Амстердам, откако упорниот противник не им даде шанса за гостинска победа. Ајакс дури во последните минути мораше да се „тресе“, откако Мазрауи Нусаир во 80. минута доби втор жолт картон, од вкупно седум колку што добија фудбалерите на холандскиот шампион.

За разлика од нив, чешка Славија Прага и белгискиот Клуб Бриж имаат совршена ситуација по првиот меч по гостински победи од 1:0. Славија со 1:0 триумфираше кај романскиот ЦФР Клуж, иако домаќините во 79. минута имаа шанси да израмнат од пенал, додека Бриж со гол од пенал стигнаа до 1:0 победа на гостувањето во Австрија кај ЛАСК Линц.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 1.НАТПРЕВАР

АПОЕЛ – Ајакс 0:0

ЦФР Клуж – Славија Прага 0:1

ЛАСК Линц – Клуб Бриж 0:1

Scroll to Top