Тинејџерската сензација на Реал Мадрид, Такефуса Кубо ќе замине во Мајорка како позајмен фудбалер, каде што ќе биде соиграч со македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.
18-годишниот Кубо, кој беше најавуван како „јапонскиот Меси“, ја избрал Мајорка пред Реал Валјадолид пред крајот на преодниот рок, јавуваат шпанските медиуми. Реал веруваат дека Кубо е подготвен за фудбал во Ла лига и затоа не го праќаат во својот јуниорски тим Кастилја, а неодамна Зинедин Зидан изјави дека се работи за „играч за иднината“ и побара трпение.
„Има многу млади фудбалери кои беа со нас од младата школа. Кубо дојде неодамна и тој е фудбалер за иднината, но ќе мораме да видиме што е најдобро за него“, изјави Зидан.
Кубо помина четири години во славната академија на Барселона, „Ла масија“, пред да дојде во Реал за 2 милиони евра ова лето.