Јувентус потврдија дека нивниот тренер Маурицио Сари нема да биде на клупата за мечевите против Парма и Наполи за да му се даде време да се опорави од пневмонијата.
Интересно, Јувентус веднаш објави дека Сари, кој ова лето дојде од Челси, не само што ќе го пропушти првиот меч од сезоната против Парма на гости во сабота, туку и дуелот со неговиот поранешен клуб Наполи во Торино на 31 август.
„Маурицио Сари денеска беше на нови медицински тестови, кои покажаа дека неговата состојба се подобрува. За целосно да се опорави од пневмонијата, тренерот нема да биде на клупата за првите два меча од Серија А против Парма и Наполи“, се вели во соопштението на Јуве.
Сари денеска бил во тренинг-центарот во Континаса, но во посебна просторија покрај теренот, гледајќи ја тренинг-сесијата преку видео-линк додека неговите помошници работеа со фудбалерите.
Ах, тие цигари! Маруицио Сари има пневмонија, потврдија Јувентус