Новото засилување на Баерн Минхен, Филипе Кутињо го испофали својот нов колега Роберт Левандовски, велејќи дека е уште поимпресивен во живо отколку кога го гледаш на ТВ.
Левандовски постигна хет-трик за Баварците за победа над Шалке, со што има пет гола во два меча и Кутињо, којшто дојде од Барселона минатата недела е импресиониран.
„Тој е неверојатен, светска класа. Неверојатно е како тренира. Тука сум една недела и го гледам како работи и што прави на теренот и многу е подобар од тоа што сме го виделе на ТВ. Сосема заслужено“, вели Кутињо.
31-годишниот Левандовски, кој лани постигна 22 гола, вели дека блиску до продолжување на договорот со Баерн до 2023 година, по шпекулациите дека може да замине.
„Договорот уште не е потпишан, но можеби сме на 95 отсто“, вели Полјакот.