Почетокот на новата сезона во Серија А помина кошмарно за Милан откако доживеаја незгоден пораз од 1:0 на гости кај Удинезе, за кои како замена дебитираше во официјален меч македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.
По првото полувреме без голови и со слаба игра на „Дачија арената“, домашниот тим направи пресврт со двете замени, односно нови засилувања на тимот – Несторовски и Родриго де Паул влегоа во игра во 70. минута. Веднаш потоа, на нафрлање на Де Паул, Родриго Бесао го совлада Џанлуиџи Донарума за водство од 1:0.
Во 82. минута од мечот, навивачите на „росонерите“ се понадеваа на пенал поради игра со рака во шестнаесетникот на Удинезе, но судијата по долго разгледување на снимките одлучи дека нема пенал.
Rodrigo de Paul comes on and immediately makes an impact with a superb corner for Becão to score to make it Udinese 1-0 Milan. pic.twitter.com/l24kyQ0dar
— Lou (@louorns) August 25, 2019