Top Sport

Иако не изгледаше најдобро, враќањето на Михајловиќ е добар знак

Враќањето на Синиша Михајловиќ на клупата на Болоња е „одличен“ знак, тврди италијанскиот експерт за леукемија, докторот Санте Тура, и покрај тоа што љубителите на фудбалот беа зачудени и загрижени поради тоа што српскиот тренер изгледаше ослабено и „испиено“.

Михајловиќ неочекувано вчера беше на клупата на Болоња за првиот меч од новата сезона во Серија А на гости кај Верона, иако не поминаа ниту шест недели откако му беше дијагностицирана леукемија и почна со хемотерапија.

„Тоа е добар знак. Покажува дека тој е силен, но потребно е внимание. Фактот што лекарите му дадоа дозвола значи дека организмот добро реагира и најверојатно коскената срж оздравува, но тој сепак треба да внимава на своето здравје. Првиот чекор е направен, но мора да внимава многу“, вели Мела за весникот од Болоња, „Ил ресто дел Карлино“.

Scroll to Top