Шпанија со 81:69 го доби големото дерби на Светското првенство во Кина против Србија за да ја добие Полска како противник во четврт-финалето, оставајќи ги „орлите“ на дуел со мотивираната Аргентина.
Србите имаа фантастичен старт на мечот и направија предност од седум поени (13:20) по првите 10 минути, но потоа следуваше пресвртот, во кој „фуријата“ им даде дури 32 поени во втората четвртина за да направат предност која подоцна не ја испуштија до крајот на израмнетото второ полувреме.
Рики Рубио постигна 19 поени за Шпанија, Клавер додаде 14, а Љуљ 9, додека за Србите најдобар беше Богдановиќ со 26 поени, додека првата ѕвезда, Никола Јокиќ имаше само 6 поени, откако беше исклучен во третата четвртина.
Овој резултат значи дека Шпанците ќе играат со Полска, второпласираната во групата Ј, додека Србија ќе игра со Аргентина во интересна борба за полуфинале.
ГРУПА Ј
Порторико – Италија 89:94 (24:13, 22:13, 18:24, 19:33, 6:11)
Шпанија – Србија 81:69 (13:20, 32:17, 22:19, 14:13)
Табела: 1.Шпанија 10, 2.Србија 9, 3.Италија 8, 4.Порторико 7