По изненадувачкиот пораз на Србија од Аргентина во четврт-финалето на СП во Кина вчера, денеска повторно следуваше уште поголемо изненадување, победата на Франција над САД од 89:79.
Французите одиграа фантастичен натпревар и го елиминираа големиот противник, за САД да доживее прв пораз по 58 победи на големите натпреварувања со НБА играчи, но селекторот Грег Попович не бараше оправдувања, туку ја фалеше играта на Французите. Секако, главна тема беше отсуството на многу НБА ѕвезди, кои решија да се фокусираат на своите тимови.
„Мислам дека е омаловажување дури да се споменува тоа. Го немавме тој или оној играч. Тоа е понижувачки кон Франција или било кој друг тим на шампионатот. Французите не победија, нема врска кој е во тимот, јас сум горд на овие 12 кошаркари кои го жртвуваа своето лето да дојдат тука. Не треба да се зборува САД има други играчи. Таква работа не постои. Тие кои се тука играат. Ова беше најдобрата Франција која сум ја видел“, вели Попович.
Fantastic response by coach #popovich on a question regarding the guys that did not participate. Coach has the back of his current players and thats why he is great #usafra #FIBAWC2019 pic.twitter.com/fGVzvEzCzp
— Dimitris Ioannou (@gavrojim007) September 11, 2019