Александар Ѓорѓевиќ на прес конференцијата по победата на Србија над Чешка 90-81 потврдил дека повеќе нема да биде селектор на националниот тим.
На новинарско прашање дали ќе остане на селекторската позиција, Ѓорѓевиќ одговорил: „Точно е она што го пишуваа медиумите, заминувам“.
На легендарниот тренер српски кошаркар договорот му завршува по Светското првенство, а бидејќи не успеа да го однесе тимот до некој од медалите јасно е дека нема да добие нов договор.
Со Ѓорѓевиќ Србија освои сребрени медали на Светското првенство во 2014, Олимписките игри во 2016 и Европското првенство во 2017 година.
Денес српските медиуми објавија дека негов наследник ќе биде Игор Кокошков кој во 2017 година преку Србија ја однесе Словенија до титулата на Европското првенство.