Тимот на Еурофарм Работник може да жали што не победи во своето деби во ЕХФ Лигата на шампиони, откако во Битола, Спортинг Лисабон извлече 30:29 (15:16) победа.
Тимот на Стевче Алушовски имаше одлично прво полувреме, во кое имаа гол предност (16:15) по неколкуте промени на резултатот и водството, но во второто полувреме се покажа искуството на португалскиот клуб, кој направи предност од два гола, која потоа на крајот ја сочуваа за 30:29 победа.
Ловро Јотиќ и Владислав Остроушко беа најефикасни за Работник со пет постигнати голови, додека Романецот Валентин Гионеа постигна дури 10 голови за Спортинг.
Минатогодишниот вице-шампион, Веспрем, кој лани загуби во финалето од Вардар, пак, покажа дека повторно е сериозен тим, со убедлива 40:28 победа над Мотор Запорожје, додека Флензбург во меч од групата А, стигна до тесна 24:23 победа на гости кај Целје.
Во скандинавското дерби во групата Д, данскиот ГОГ својот кам-бек во ЛШ по десетгодишна пауза го прослави со убедлива 33:24 победа на гости кај норвешкиот Кристијанштад.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА А
Целје – Флензбург 24:25 (12:13)
Елверум – Алборг 19.00 ч.
Табела: 1.ПСЖ 2, 2.Пик Сегед 2, 3.Алборг 0, 4.Флензбург 0, 5.Елверум 0, 6.Целје 0, 7.Барселона 0, 8.ППД Загреб 0
ГРУПА Б
Веспрем – Мотор Запорожје 40:28 (17:13)
Кил – Кјелце 19.00 ч.
Табела: 1.Вардар 2, 2.Порто 2, 3.Кил 0, 4.Веспрем 0, 5.Кјелце 0, 6.Мотор 0, 7.Монпелје 0, 8.Мешков Брест 0
ГРУПА Ц
Еурофарм Работник – Спортинг Лисабон 29:30 (16:15)
Табела: 1.Савехоф 2, 2.Спортинг Лисабон 2, 3.Бидасоа Ирун 0, 4.Еурофарм Работник 0, 5.Прешов 0, 6.Рихимаки Кокс 0
ГРУПА Д
Кристијанштад – ГОГ 24:33 (14:17)
Табела: 1.ГОГ 2, 2.Чеховски медведи 2, 3.Кадетен 1, 4.Динамо Букурешт 1, 5.Висла Плоцк 0, 6.Кристијанштад 0