Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер тврди дека несогласувањата помеѓу Садио Мане и Мохамед Салах кои се покажаа на мечот со Барнли се „готват“ неколку месеци.
И покрај победата од 3:0 над Барнли, реакцијата на Мане беше веста на денот, откако Сенегалецот луто реагираше кон Салах кога беше заменет во второто полувреме, поради наводната „себичност“ на Египќанецот. Самиот Мане изјави дека е нормално да е случуваат такви работи, но дека сега „повторно“ се пријатели.
Карагер вели дека желбата на Салах да оди само на гол, која неодамна беше фалена од Роби Фаулер, ќе предизвика многу проблеми.
„Колку повеќе ги оставите работите да тлеат, на крајот ќе имате поголем проблем. Истото е и со Мане и Салах е во таа категорија. Нема шанси Мане да ги загуби нервите поради неколку додавања со Барнли. Неговата фрустрација е тука со месеци, и беше потребен само еден инцидент. Јирген Клоп не е менаџер кој дозволува неговите фудбалери да размислуваат негативно и верувам дека интервенирал. Иронично, Мане беше несебичен кон Салах против Наполи кога требаше да тргне сам. Мора да се заддржи единственоста на тимот“, вели Карагер.
Мане за конфликтот со Салах: Понекогаш мораш да го кажеш тоа што го мислиш