Италијанскиот политичар и голем навивач на Милан, Матео Салвини беше брутален во коментарите по 2:0 поразот од Интер во дербито, критикувајќи го тренерот, фудбалерите, но и Паоло Малдини и Звонимир Бобан.
Поранешниот заменик премиер беше на трибините на „Сан Сиро“ и призна дека разочарувањето беше огромно.
„Ова беше првпат да си заминам предвреме во текот на дербито. Решив дека видов доволно кога Лукас Билја го изведе тој смешен слободен удар. Рикардо Родригез е ужасен, Сусо одамна не игра како што треба. Каде е клубот? Единствено позитивно што видов беше Рафаел Лео и тој беше заменет. Очигледно не беше вината кај Џенаро Гатузо“, вели Салвини.
Тој исто така го критикуваше и Малдини и Бобан, заедно со сопствениците „Елиот менаџмент“.
„Стадионот и бизнисот одат добро, а колку сезони по ред имаме разочарувачки трансфери? Дали е автоматски дека големите фудбалери стануваат големи директори? Кога вашите газди се фондација, на крајот за нив сте само бројка на компјутерот. Им честитам на навивачите на Милан, бидејќи тие се единствените кои се вредни тука, овој тим е смешка“, додава Салвини.
Милано е обоен во „црно-сино“, Брозовиќ и Лукаку ги решија „росонерите“