Себастијан Фетел стигна до својата прва победа од Белгиското ГП минатата сезона, откако со тактичко влегување во боксот заврши пред освојувачот на пол-позицијата, неговиот колега Шарл Леклер и Макс Ферстапен во Ред бул, оставајќи ги шампионите Мерцедес без подиум – Хамилтон беше четврти, а Ботас петти.
Ова е прва победа на Германецот оваа сезона, откако беше во сенка на својот колега Леклер на последните две трки, но и рекорден петти триумф на Марина Беј патеката и вкупно 58. победа во кариерата на четирикратниот светски шампион.
Клучниот момент на трката секако беше влегувањето во боксот, кога Фетел успеа да излезе пред лутиот Леклер на патеката, во помалку сомнителна одлука на Ферари.
Возачите на Мерцедес на крајот се бореа само за место на подиумот, кое не го добија. Светскиот шампион Хамилтон загуби доста позиции, но во финишот на трката имаше свежи гуми за напад, но на крајот не успеа да го помине Ферстапен пред него.
Шестото место отиде кај вториот возач на Ред бул, Александер Албон, по што следуваа Лендо Норис (Мекларен), Пјер Гасли (Торо росо), Нико Хилкенберг (Рено) и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео).
RACE CLASSIFICATION
How they crossed the line in Marina Bay ?#F1 #SingaporeGP pic.twitter.com/mQhqY2XEu6
— Formula 1 (@F1) September 22, 2019