Болоња не успеа да ја продолжи серијата без пораз во Серија А, откако Един Џеко во 94. минута од мечот на „Ренато Дал’Ара“ во ситуација кога Рома беше со играч помалку погоди за 2:1 победа. Наполи пак, го заддржува темпото со убедлива 4:1 победа во „јужњачкото дерби“ со Лече.
Овојпат не помогна ниту инспирацијата од тренерот Синиша Михајловиќ, кој е на лекување за леукемија. Александар Коларов во 49. минута ги донесе гостите во водство, пред Никола Сансоне само пет минути подоцна да израмни на 1:1 со гол од пенал.
Џанлука Манчини доби црвен картон во 85. минута, зголемувајќи ги надежите на Болоња дека можат да стигнат и до победа, но на сцена стапи босанскиот „дијамант“ Џеко, кој ги казни во последните секунди од мечот.
Лацио пак, предводен од новото засилување Фернандо Љоренте и неговите два гола, стигна до 4:1 победа над Лече.
СЕРИЈА А, 4.КОЛО
Сасуоло – СПАЛ 3:0
Болоња – Рома 1:2
Лече – Наполи 1:4
Сампдорија – Торино 1:0