Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер им честиташе на Ферари по трите победи во низа во Формула 1, инсистирајќи дека италијанскиот тим сега е репер за другите, посебно во развојот на моторот.
Победите на Шарл Леклер во Спа и Монца потврдија дека Ферари СФ90 има фантастичен мотор, но неочекуваниот триумф на Себастијан Фетел за 1-2 победа на Ферари во Сингапур покажа дека тие имаат и огромен напредок во аеродинамиката. Хорнер е импресиониран.
„Тие ги туркаат границите на тоа што е можно да се добие од електричната моќ на моторот, но изгледа и во моторот на согорување имаат некои ’опасни’ горива. Се работи за комбинација. Обично нема толку едноставно решение, туку е комбинација на фактори. Навистина импресивно. Мерцедес беа на врвот четири и пол години, и одеднаш мораат да се задоволат со порази“, вели Хорнер.
Луис Хамилтон пак, и покрај огромната предност од 96 поени во Шарл Леклер, го предупреди својот тим дека титулата уште не е осигурана.
„Мора да работиме подобро. На почетокот на годината имавме фантастична форма, но секако, можно е предноста да се стопи. Мораме да ги облечеме чорапите и да тргнеме во напад“, изјави искрено Хамилтон.