Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, смета дека Лионел Меси е најдобриот играч во историјата на фудбалот.
Меси пред два дена ја доби наградата на ФИФА за играч на годината. Од 2004 година Аргентиенцот со Барселона освоил 34 трофеи, меѓутоа вечна е расправата кој е најдобриот на сите времиња. Тебас нема таква дилема.
„Тој е најдобриот играч во историјата. Среќни сме што игра во Примера. Не можам да ја замислам оваа лига без Меси. Кариерата ја започна во Ла Лига се надевам дека тука и ќе ја заврши“, рекол Тебас.
Исто така тој не крие дека би сакал Нејмар да се врати во Шпанија.
„Би сакал да се врати Нејмар. И како што рече Винсенте дел Боске, да се врати со добро однесување. Секако дека би сакал таков фудбалер да игра во Примера. Исто така би сакал да се вратат Гвардиола и Мурињо да тренираат некој клуб“, дополнил Тебас.