Клубовите од Лондон: Челси, Тотенхем и Кристал Палас забележаа победи во саботата, во рамките на седмото коло во Премиер лигата, кое со победа го отворија фудбалерите на ливерпул.
Челси на „Стенфорд Бриџ“ успеаја да го скршат отпорот на жилавиот Брајтон. Два гола, по еден во секое полувреме, постигнаа фудбалерите на Френк Лампард. Резултатот го отвори Жоргињо со гол од пенал, а конечните 2-0 ги постави Вилијан.
Тотенхем со играч помалку славеа во дуелот со Саутемптон 2-1. Првиот гол на мечот го постигна Ндомбеле, а потоа Орие во 31 минута го доби вториот жолт картон. Во 39 минута голманот Љорис направи голема грешка која ја искористи Ингс. Сепак само три минути подоцна Кејн им донесе победа на Тотенхем.
Кристал Палас постигнаа два гола, не примија ниту еден, во победата над Норич. Миливојевиќ во 21 минута погоди од пенал, а конечните 2-0 ги постави Таусенд во 93 минута.
Идентична победа над Вотфорд забележаа фудбалерите на Вулверхемптон, додека со резултат 2-2 завршија дуелите помеѓу Астон Вила и Барнли, односно Бормут и Вест Хем.