Аргентинскиот фудбал тагува по 23-годишниот Езекиел Есперон, откако фудбалерот случајно паднал од шести кат од зграда во Буенос Аирес.
Поранешниот фудбалер на бразилскиот Гремио, се потпирал на оградата која не била добро зацврстена во 3 часот наутро во неделата во квартот Вилја Девото во аргентинската престолнина каде што бил на забава. Тој веднаш бил однесен во болница, каде што починал.
Есперон ја почнал кариерата во домашниот тим Ол Бојс, а играл и за Гремио и за мексиканскиот тим Атланта де Мексико, но бил без клуб во последните седум месеци.
El Club Atlético #AllBoys lamenta el fallecimiento del ex jugador de la institución, formado en nuestras divisiones inferiores, Ezequiel Esperón.
Nuestras condolencias a sus familiares, seres queridos y amigos. pic.twitter.com/Ax09hmHxxt— Club Atlético All Boys (@caallboys) October 7, 2019