Top Sport

Мекинро: Ѓоковиќ треба да прифати дека е „лошиот“ во споредба со Федерер и Надал

Седумкратниот гренд слем шампион, Џон Мекинро вели дека Новак Ѓоковиќ едноставно мора да прифати дека е помалку популарен кај тениските фанови од Роџер Федерер и Рафаел Надал и во тој факт да најде сила и мотивација.

„Мислам дека тој мора да ја прифати улогата на ’лошиот’ во споредба со нив. Наместо да се прашува зошто не добива респект, тој треба да се мотивира. Тие момци се сакани спортисти и тоа го заслужуваат. Но, и Ѓоковиќ е ценет кај тениските фанови. Мора да најде начин да не се споредува со нив и со нивната популарност“, вели Мекинро.

Американската тениска легенда како пример го посочи финалето на Вимблдон, каде што Ѓоковиќ се врати од „амбисот“ и од меч-поен за да го совлада Федерер, кој имаше многу поголема поддршка од фановите на „Ол Ингланд клубот“.

„Како на Вимблдон на пример. Тоа беше еден од големите мечеви во историјата на тенисот, и кога стигнавме во тај-брејкот во петтиот сет, тој не изгледаше дека е среќен, туку одеше со мисла: ’Еб.те се, го победив’“, објаснува Мекинро.

 

Scroll to Top