Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Лос Анџеле Клиперс со 111-91 во вториот претсезонски натпревар. Српскиот центар Никола Јокиќ дебитираше во новата сезона и за 22 минути на паркетот оствари дабл-дабл учинок.
Јокиќ имаше 10 поени, 11 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки.
Мајк Мелоун, тренерот на Денвер им даде можност на сите кошаркари, а најмногу време на теренот поминаа Гери Херис и Џамал Мари, по 24 минути.
Нагетси првото полувреме го добија доста убедливо, 59-34, па победата воопшто не беше доведена во прашање.
Најефикасен во победничката екипа беше Малик Бизли со 16 поени, Милсап додаде 13, а рукито Мајкл Портер за 12 минути имаше реализација 6 од 7 од игра.
Кај Клиперси Каваи Ленард за 10 минути на паркетот постигна 7 поени. Најефикасен беше Монтрез Харел со 15 поени.
НБА сезоната започнува на 23 овој месец.
https://youtube.com/watch?v=BZUUX5rXyp4