Луис Фиго открива дека одамна му простил на својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Роналдо за изјавата за неговата сопруга Хелен Сведин, кога Бразилецот на претседателот Флорентино Перез му кажал: „Да имав жена како Фиго, секогаш ќе останував дома“.
Фиго и Роналдо играа две и пол сезони заедно во Мадрид, и тогаш Роналдо ја кажал невкусната изјава, но Португалецот инсистира дека двајцата се пријатели и дека тој знаел за коментарот.
„Веќе знаев за коментарот, бидејќи тој го кажа и во соблекувалната. Но, му простувам на Рони, бидејќи тој секогаш се шегуваше. Плус, тој не знаеше дека јас ќе си заминев од куќата кога мојата сопруга ќе заспиеше“, изјави Фиго во интервју за шпанската ТВ-програма „Ел Ормигеро“ покрај Сведин.
Фиго и Сведин се венчаа во 2001 година и имаат три ќерки – 20-годишната Даниела, 17-годишната Мартина и 14-годишната Стела.
Фиго и сопругата во топ-форма иако имаат над 40 години! (галерија)