Барселона одигра одлично второ полувреме, за да стигне до третата победа во третото коло на Евролигата, овојпат со убедливи 103:84 над Алба Берлин.
Откако денот во Каталонија беше одбележан со масовните протести за независност на оваа шпанска провинција и со одложувањето на фудбалското „Ел класико“ помеѓу Барса и Реал Мадрид за декември, немаше разговор за одложување на мечот од Евролигата.
Кори Хигинс беше најзаслужен за победата со 22 поени, 3 скока и 2 асистенции, додека Никола Миротиќ додаде 18 поени. Алба поведе со 25:19 на крајот на првата четвртина, но во второто полувреме Барса беше во топ-форма.
Во Пиреја пак, рускиот Зенит Санкт Петербург ја освои својата прва евролигашка победа во историјата, шокирајќи го Олимпијакос со 77:68 по продолженијата. Матеуш Понитка имаше 18 поени за Зенит и ја постигна клучната тројка за 67:73 на 80 секунди пред крајот на мечот. Кевин Пантер имаше 16 поени, а Никола Милутинов 16 за домаќините.
ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО
Олимпијакос – Зенит Санкт Петербург 68:77 (19:20, 17:18, 11:15, 17:11, 4:13)
Барселона – Алба Берлин 103:84 (19:25, 27:19, 26:17, 31:23)
Валенсија – Анадолу Ефес 78:83 (27:23, 19:16, 17:30, 15:14)