Top Sport

Компанијата се извини за ВАР-фарсата на Тотенхем-Ватфорд (видео)

„Хок-ај иновејшнс“, компанијата која ја обезбедува ВАР технологијата во Премиер лигата се извини на навивачите на Тотенхем и Ватфорд за бизарниот саботен меч (1:1) и вети дека ќе работи со судиите и со Премиер лигата на решавањето на проблемите.

Ватфорд имаше „летечки старт“ на мечот откако Абдулаје Дукуре постигна гол во шестата минута за тимот на последното место на Премиер лигата, но тие не добија пенал кога Јан Фертонген го собори Жерард Деулофеу во шестнаесетникот. Потоа, Деле Али постигна гол, кој прво беше поништен од ВАР-системот, кој прво на големиот екран покажа дека нема гол, за потоа да ја поправи одлуката.

„Работиме заедно со судиите и со Премиер лигата да ги сфатиме причините за овој проблем и работиме на мерки со кои ќе осигураме ова да не се повтори“, се вели во соопштението.

Тренерот на Ватфорд, Кике Санчез Флорес изјави дека губи доверба во ВАР системот, велејќи дека станува очигледно дека не се работи за „објективен“ систем.

Scroll to Top