Шефилд јунајтед ја забележаа својата трета победа во повратничката сезона во Премиер лигата, откако во понеделникот на својот „Брамал лејн“ со 1:0 го шокираа тимот на Арсенал.
Клучниот момент на мечот се случи во 30. минута од мечот, кога по еден корнер, младиот француски напаѓач Лис Мусе се најде на вистинското место и го совлада Бернд Лено и покрај протестите на „топчиите“, кои сметаа дека постоеше офсајд позиција.
За тимот на Унаи Емери ова е само втор пораз оваа сезона и тие остануваат на 5. место на табелата со 15 поени, додека Шефилд сега се 9. со 12 поени.