Фудбалерот на шпанска Барселона, Уругваецот Луис Суарез и неговата сопруга, Софија Балби одлучиле да ја платат операцијата на болното бебе по име Делфини.
На малата Делфини од Бразил која има само 24 недели и бил дијагностициран расцеп на рбетот, а за нејзин спас е потребна операција која чини 24.000 евра.
Луис и Софија имаат три деца, а нивната деветгодишна ќерка се вика токму Делфини. Синовите им се викаат Лаутаро (11) и Бенџамин (6).
„Разговарав со Софија, и самата е мајка и може да разбере во каква ситуација сме. Баскрајно благодарам за Луис и Софија“ – рекла мајката на бебето.
Малата Делфини ќе биде оперирана идната недела.