Кошаркарот на Бруклин Нетс Кевин Дурент имал желба еден ден да заигра во Европа и тоа во екипата на Барселона.
Дурент ќе ја пропушти оваа сезона поради повредата на предните вкрстени лигаменти. Дека сакал да игра во Барса тој открил во емисијата на Серж Ибака „Колку си гладен“.
„Би сакал пред крајот на мојата кариера да заиграм преку океанот, во Барселона. Европа е втората најдобра лига во светот, натпреварите таму делуваат забавно. Не знам дали ќе ми се оствари желбата. Доколку се случи тоа ќе биде убаво искуство“, рекол Дурент.