Вечерва во Лигата на шампионите на програмата се натпреварите од четвртото коло во групите А, Б, Ц и Д.
Колото не нуди вистинско дерби, но на програмата се неколку потенцијално интересни натпревари. Тука се мисли на дуелите што ќе ги одиграат Црвена ѕвезда и Динамо Загреб против Тотенхем, односно Шахтјор.
Добро ќе биде да се види како фудбалерите на Баерн, по смената на тренерот, ќе одиграат против Олимпијакос и дали Галатасарај можат да му се спротивстават на Реал во Мадрид.
Потенцијално незгодни гостувања ги очекуваат Јувентус и Атлетико. „Старата дама“ игра во Москва против Локомотив, а „јорганџиите“ ќе гостуваат кај Баер во Леверкузен
Група А.
ПСЖ-Клуб Бриж
Реал Мадрид-Галатасарај
Табела: ПСЖ 9, Реал 4, Бриж 2, Галатасарај 1
Група Б:
Баерн Минхен-Олимпијакос
Црвена ѕвезда-Тотенхем
Табела: Баерн 9, Тотенхем 4, Црвена ѕвезда 3, Олимпијакос 1
Група Ц:
Динамо Загреб-Шахтјор
Аталанта-Манчестер сити
Табела: Манчестер сити 9, Шахтјор 4, Динамо 4, Аталанта 0
Група Д:
Локомотов Москва-Јувентус
Баер Леверкузен-Атлетико Мадрид
Табела: Атлетико 7, Јувентус 7, Локомотив 3, Баер Леверкузен 0
Натпреварите Баерн-Олимпијакос и Локомотив-Јувентус ќе започнат во 18.55 часот, останатите шест натпревари се во редовниот термин од 21 часот.