Вардар со 44:37 (20:19) го совлада украинскиот Мотор Запорожје во дербито на седмото коло од СЕХА лигата, за да се одмазди за единствениот пораз во ова натпреварување досега (32:31 во Украина) и да се зацврсти на првото место.
Мотор во Скопје пристигна со нов тренер, откако Микола Степанец доби отказ по слабите резултати во ЛШ и беше заменет со Сергеј Серенко, и во првото полувреме тие добро му парираа на Вардар и имаа израмнет резултат на стартот на второто полувреме.
Меѓутоа, „црвено-црвените“ со убава серија донесоа 28:23 водство, за на крајот да постигнат над 40 гола против украинскиот ривал. Тимур Дибиров имаше фантастични 11 гола, Иван Чупиќ уфрли 9 гола, а Данил Шишкарев додаде седум. Кај Мотор, Стефан Вујовиќ беше најефикасен со 12 постигнати голови.
Фото: СЕХА