Top Sport

Сопругата на Конте: Приказната со куршумот е измислена!

Спортската јавност ја шокираше информацијата што ја објавија италијанските медиуми дека стратегот на милански Интер, Антонио Конте во клупскиот камп добил и отворил заканувачко писмо во кое имало и куршум.

Се пишуваше и за полициска заштита на екс-италијанскиот селектор, но сето тоа го демантираше неговата сопруга, Елизабета Мускарело.

„Приказната за куршумот е измислена! И сеедно, во Италија станавме многу лоши во комуникацијата. За серија, станувам, измислувам и пишувам. Никој веќе не размислува за последиците“ – порачала Мускарело.

Во меѓувреме миланскиот јавен обвинител отворил истрага против непозната личност поради заканите кон Конте.

Конте добил анонимно писмо – со куршум!

Scroll to Top