Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа уште еден катастрофален пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство. Во Скопје Летонија ја декласира Македонија 98:39 (25:4, 21:7, 27:19, 25:9).
Каков тек ќе има натпреварот беше јасно уште по првите десет минути во кои избраничките на селекторот Ѓоровиќ постигнаа само чети поени, а примија 25. На полувреме Летонките водеа со 46:11. Некаквва преодна оценка може да добие третиот период во кој Македонија уфрли 19 поени.
Единствена со двоцифрен број на поени кај македонија беше Селцова со 11 кошеви.
За сениорките следи официјална пауза од една година, до вториот прозорец од евроквалификациите.
фото/kfsm.mk