Top Sport

Алжирскиот селектор не го сака Бензема

По најавите дека Карим Бензема може да се откаже од Франција и да настапува за алжирската фудбалска репрезентација, селекторот на северноафриканската земја, Џамел Белмади вели дека такво нешто не е можно.

Бензема во текот на викендот влезе во војна на зборови со претедателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грет, кој изјави дека „авантурата со Франција“ е завршена за 31-годишниот фудбалер на Реал Мадрид.

„Ноел, мислев дека нема да се мешаш во работата на селекторот. Размисли за тоа дека само јас ќе одлучам кога ќе ја завршам репрезентативната кариера. Ако мислиш дека сум готов, тогаш дај ми да играм за една од другите земји за кои можам“, напиша Бензема на Твитер.

Родителите на Бензема доаѓаат од Алжир, но трансферот во оваа репрезентација е многу компликуван, бидејќи тој треба да се откаже од француското државјанство.

Белмади, пак, вели дека е задоволен од својот тим и дека Бензема не им е потребен.

„Имам фудбалери како Багдад Бунеџах, Ислам Слимани, Анди Делор и Хилал Судани. Многу сум задоволен од составот“, изјави Белмади.

Бензема игра во животна форма, Дешамп не го вика поради секс-скандалот!

Scroll to Top