Top Sport

Кавани: Сакаш да се тепаш? Меси: Кога сакаш! (видео)

Дуелот меѓу двата соседи и лути ривали, Аргентина и Уругвај, на неутрален терен во Тел Авив заврши 2:2 откако Лео Меси со гол од пенал во 91. минута донесе реми за својата репрезентација. Но, најголем интерес предизвика дуелот на крајот на првото полувреме кога Единсон Кавани и Меси влегоа во остра расправија.

Соиграчите спречија поголем конфликт откако Кавани го прашал Меси: „Сакаш да се тепаш?“, а Аргнетинецот кратко одговорил: „Кога сакаш“. Инаку мечот покрај со голови, изобилуваше и со доста остри стартови.

Аргентина со пенал во 90-та минута „извлече“ реми со Уругвај (видео)

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');