Пред два дена, италијански „Тутоспорт“ објави дека во трката по потписот на младиот шпански фудбалер, Дани Олмо се вклучи и Јувентус. За играчот на Динамо Загреб од претходно се заинтересирани Милан и Манчестер Сити.
Од вчера во целата приказна се вклучи и Барселона, како што потврди „Мундо Депортиво“.
Денеска британски „Сан“ донесува информација дека најскапиот играч на „модрите“ е желба и на Манчестер Јунајтед.
„Ѓаволите“, според информациите, веќе понудил 25 милиони евра за Олмо, но од Динамо ја одбиле понудата.
Олмо на 119 меча за Динамо има постигнато 32 гола, а Солскјаер наводно се воодушевил од неговите перформанси во ЛШ, каде на секој од дуелите Шпанецот бил најдобар во екипата.
Британскиот медиум наведува и дека Јуве и Барса имаат јасни планови околу судбината на шпанскиот фудбалер. Кај Сари би играл во тандем со Дибала, а Барселона во него гледа потенцијална замена за Лео Меси кога ќе дојде време за негова „пензија“.